Севернокорејскиот амбасадор во Берлин повикан во германското МНР

Од:

Германското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Северна Кореја во Берлин да ги објасни тестовите на нуклеарни воени проектили, кои што предпладне ги потврди официјален Пјонгјанг.

Портпаролот на германското МНР Мартин Шефер потврди дека попладнево се очекува севернокорејскиот прв дипломат во Берлин да пристигне во Министерството за да ги објасни нуклеарните чекори на неговата земја и да прими официјален протест за нуклераните проби на североистокот од земјата.

За Германија последната нуклеарна проба, која е една од најголемите во последните години, е провокација на која заедно со своите партнери од ЕУ ќе биде одговорено одлучно, порача владата во Берлин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“