Северноирската полиција, пред самитот Г-8, од националистите заплени експлозиви и муниција

Од:

Северноирската полиција денеска заплени експлозиви и муниција во акцијата против воинствените ирски националисти, пренесоа британските медиуми.

Акцијата е изведена на една недела пред средбата на Г-8 во Северна Ирска. Полицијата во овој британски регион во последните неколку недели пред форумот уапси осомничени дисиденти.

Самитот ќе се одржи во хотел, во кој во март полицијата спречи заговор за бомбашки напад од една вооружена група.

Безбедносни експерти изјавуваат дека националистите едвај дека ќе можеле да се доближат до хотелот, каде ќе бидат светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, но може за време на дводневниот форум да се обидат да извршат напад во Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот