Северна Кореја: Заврши рокот за преговори, не чувствуваме обврска кон САД

Од:

Северна Кореја денеска соопшти дека САД го игнорирале рокот за нуклеарни преговори, поради што Пјонгјанг веќе не чувствува обврска да ги исполнува обврските, кои вклучуваат запирање на нуклеарните проби и тестирања на интерконтинентални балистички ракети.

Советникот во мисијата на Северна Кореја во ОН во Женева Џу Јонг Чол изјави дека изминатите две години неговата земја престанала да врши нуклеарни проби и тестирања на интерконтинентални балистички ракети, со цел развивање доверба меѓу Пјонгјанг и Вашингтон. Но, според него, Американците одговориле со десетици заеднички воени вежби со Јужна Кореја на полуостровот и со воведување санкции.

Откако стана јасно дека САД не ја смениле својата амбиција да го блокираат развојот на Северна Кореја и да го задушат нејзиниот политички систем, не гледаме причина еднострано да бидеме врзани за обврски кои другата страна не ги почитува, потенцираше тој на конференцијата на ОН за разоружување.

Џу ги обвини САД за примена на „најбрутални и нечовечки санкции“ и предупреди дека доколку Вашингтон продолжат со „непријателската политика“ кон неговата земја, нема да дојде до денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Доколку САД се обидат да спроведат еднострани барања и продолжат со нематнување санкции, Северна Кореја може да биде принудена да бара нов пат, потенцираше севернокорејскиот советник.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19