Мисијата на Северна Кореја при ОН соопшти дека „терористичкиот заговор“ на САД и Јужна Кореја да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е „објавување војна“.
Во соопштението на мисијата се наведува дека со севернокорејската антитерористичка офанзива ќе започне „отстранување на разузнавачките и заговорничките организации на САД и Јужна Кореја“.
Во соопштението се наведува дека севернокорејската Влада е одлучна да ги „прогонува и немилосрдно да ги уништува сите терористички манијаци на ЦИА и јужнокорејските разузнавачки служби“. Во соопштението уште се тврди дека организаторите „инфилтрирале терористи“ во земјата со опрема за сателитски комуникации.
Минатата недела Северна Кореја ја обвини ЦИА дека „направила заговор“ со Јужна Кореја да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со хемиско оружје.