Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Од:

Северна Кореја денеска објави дека успешно лансирала нова балистичка ракета со среден дострел (IRBM) со хиперсонична боева глава, велејќи дека оружјето сигурно ќе помогне да се одвратат непријателите во регионот на Пацификот.

Пјонгјанг објави дека проектилот прелетал околу 1.500 километри со брзина 12 пати поголема од звукот и дека ракетниот тест го водел лидерот Ким Џонг Ун, пренесе севернокорејската новинска агенција КЦНА.

„Хиперсоничниот ракетен систем сигурно ќе го спречи секој ривал во регионот на Пацификот кој може да ја загрози безбедноста на нашата земја“, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

Џонг Ун: Мора да бидеме подготвени да користиме нуклеарно оружје.

Горан Наумовски

Севернокорејски хакери извршија кражба на деценијата

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Ким Џонг Ун: Оружјето без идеологија е едноставно железна алатка

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

ИДФ го нападна појасот Газа по ракетата, наводно, истрелана од енклавата