Северна Кореја вчера успешно истрела нов тип на крилата ракета земја-вода, јави агенцијата КЦТА.
Ракетата „со прецизното летање пресретна и погоди објекти во Јапонското Море“, посочи агенцијата.
КЦТА смета дека ракетата е способна да го погоди секој непријателски брод што ќе преземе воена офанзива против Северна Кореја.
Пјонгјанг од почетокот на 2016 година изведе десетици тестирања на ракети и две нукеларни проби.