Северна Кореја објави денеска дека успеала да направи минијатурни нуклеарни боеви глави и оти не советува никого да „создава предизвици пред мерките за зајакнување на националната борбена готовност на земјата“, јави ТАСС.
– Одамна минавме на фаза на намалување на размерите на диверзифицирање на нашите способности за нанесување на нуклеарен напад, соопшти Државниот комитет за одбрана.
– Исто така стигнавме и до фаза на гарантирање на максимална точност на на ударот на нашите ракети со среден и голем дострел, се вели во соопштението.