Доналд Трамп е луд, а воените вежби на САД и Јужна Кореја, што започнаа денеска, ќе ја турнат ситуацијата на Полуостровот на раб на нуклеарна војна, оцени севернокорејскиот Комитет за мирно обединување на Корејскиот Полустров.
Според Кина, тажно е што по двомесечниот мир на Корејскиот Полуостров повторно дошло до зголемување на тензиите, а советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мекмастер истакна дека Трамп ќе се погрижи за растечката нуклеарна закана од Северна Кореја.