Северна Кореја: Тестирањето ракети е предупредување за Јужна Кореја

Од:

Севернокорејското тестирање на новите ракети е замислено како „формално предупредување“ на конкурентското развивање на оружје на Јужна Кореја и на плановите за воена вежба со САД, соопшти денеска Пјонгјанг.

Иако Северна Кореја упати остри зборови до Јужна Кореја, во соопштението не се нападнати САД, што беше карактеристично за претходните соопштенија.

Во соопштението се наведува дека Пјонгјанг е лут поради тоа што Сеул купува американски воени авиони и поради плановите за одржување на заедничка воена вежба на Јужна Кореја и САД.

Во меѓувреме, Армијата на Јужна Кореја наведе дека податоците за летот на ракетите лансирани вчера покажале сличности со руската „Искендер“, ракета со краток дострел. Се претпоставува дека севернокорејската верзија би можела да стигне до Јужна Кореја и 28.500 американски војници, кои таму се стационирани и би било исклучително тешко да се пресретне.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт