Северна Кореја се заканува дека ќе пука без предупредување

Од:

Северна Кореја денеска ја предупреди Јужна Кореја дека ќе изврши „немилосрдни одмазнички напади“ ако нејзини бродови влезат „само 0,001 милиметар“ во спорните води на Жолто Море.

Изминатите денови јужнокорејската армија упати предупредувачки истрели кон севернокорејските бродови кои пловеа во близина на спорната морска граница меѓу двете држави.

Во соопштението на Генералштабот на севернокорејската армија се наведува дека тие во иднина ќе пукаат без предупредување на секој јужнокорејски брод кој малку би навлегол во спорните води на Жолто Море.

Армијата на Северна Кореја исто така ги повика властите во Сеул да се извинат за воената провокација.

Пјонгјанг последните недели бара од Сеул да го прифати барањето на севернокорејскиот лидер Кин Џонг-ун за воени преговори. Но, јужнокорејските власти ја одбија понудата образложувајќи дека Пјонгјанг прво треба да преземе конкретен чекор за укинување на програмата за развој на нуклеарното оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“