Северна Кореја се закани дека ќе ги нападне САД

Од:

Северна Кореја соопшти дека американскиот претседател Барак Обама постапува брзоплето, шпекулирајќи дека Пјонгјанг организирал кибер напад врз „Сони пикчрс“.

Северна Кореја тврди дека знае како да докаже дека не е вмешана во кибер нападот и предложи заедничка истрага со САД.

Пјонгјанг се закани со евентуални напади, а како можни цели ги наведе Белата куќа, Пентагон и целата територија на САД.

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ун изјави дека 1,2 милионската армија е подготвена да преземе секакви воени дејствија врз САД.

САД ја обвинуваат Северна Кореја дека кибер нападот прераснал во закана за терористички напади врз американските кина, поради што „Сони пикчрс“ ја откажа премиерата на филмот „Убиствено интервју“, комедија, чије дејствие се однесува на убиство на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски