Северна Кореја се противи на обдукција на телото на Ким Јонг Нам

Од:

Претставниците на Северна Кореја во Малезија биле против правење на обдукција на телото на Ким Јонг Нам, полубрат на севернокорејскиот лидер кој беше убиен вчера.

Тие барале делото одма да им биде предадено, но малезиските власти тоа го одбиле, наведуваат неколку медиуми. Малезија се уште нема донесено одлука дали телото на 45 годишниот Ким Јонг Нам ќе биде предадено на Северна Кореја.

Малезиската полиција денеска приведе жена со виетнамски пасош која што надзорните камери во меѓународниот аеродром во Куала Лумпур ја идентификувале дека е лично вмешана во изненадната смрт на Јонг Нам.

Според извори од истрагата, постојат уште неколку осомничени лица кои се поврзуваат со убиството.

Јужна Кореја веднаш по убиството објави дека за тоа се виновни две агентки од Северна Кореја кои го убиле Ким Јонг Нам со игла.

Би можело да ве интересира

Русија и подари на Северна Кореја 447 кози

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна