Северна Кореја – Прв конгрес на владејачката партија од 1980 година

Од:

Во Северна Кореја денеска почна првиот конгрес на владејачката Работничка партија, во изминатите 36 години на кој лидерот Ким Џонг-ун би требало дополнително да го зацврсти своето владеење.

Илјадници пратеници од сите делови на државата ќе учествуваат на првиот конгрес од 1980 година.

Странските новинари поканети да ја следат работата на конгресот не можеа да влезат во Домот на културата во Пјонгјанг, бетонска зграда ускраена со црвени знамиња во која во следните денови ќе се одржува партискиот конгрес.

Пред конгресот севернокорејски официјални лица се фалат со „чудесни резултати“ и велат дека напредокот во нуклеарната и ракетна програма е „најголем подарок“ за ретката партиска конвенција.

Странски аналитичари велат дека третиот лидер од династијата Ким официјално ќе усвои политика на паралелен развој на нуклеарното оружје и економијата, и така дополнително ќе ја зацврсти својата власт. Државното радио јави дека седмиот конгрес на партијата „ќе отвори силен патиказ за конечна победа на револуцијата“, јавија јужнокорејски медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“