Северна Кореја претстави нов вид на балистички ракети со голем дострел

Од:

Северна Кореја на прославата по повод 105-годишнината од раѓањето на основачот Кил Ил-сунг претстави нов вид на балистички ракети со голем дострел, кои се лансираат од подморница.

Тоа е првпат Северна Кореја да претстави ваков вид на ракети „Пукуксон-2“, кои имаат дострел илјада километри.

За време на парадата маршираа војници, а можеа да се забележат и тенкови, системи за лансирање и друг вид на оружје, додека авиони во 105 формации прелетуваа над присутните на манифестацијата.

Еден од блиските соработници на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го повтори предупредувањето за САД за време на парадата на преполниот плоштад во Пјонгјанг.

– Доколку САД продолжат со провокации кон нас, нашите сили веднаш ќе им се спротивстават на нападите. Со нашето нуклеарно оружје на правдата ние ќе го уништиме нуклеарното оружје на САД, истакна Цои Рион-хе, заменик претседател на Корејската работничка партија.

За разлика од некои други паради, на оваа не присуствуваа кинески претставници. Кина е главен сојузник на Северна Кореја, но таа се изјасни против севернокорејските ракетни и нуклеарни проби и ги поддржи занкциите на ОН против Пјонгјанг.

Група бродови на американската флота, вклучувајќи и носач на авиони, се приближува кон регионот и Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт