Од крајбрежната севернокорејска провинција Јужен Хамген во насока на Јапонско Море истрелана е балистичка ракета, јави Јонхап.
– Се уште не е утврден типот на ракетата, но таа е балистичка, изјави претставник на Министерството за национална одбнрана на Јужна Кореја.
Според друг неименува јужнокорејски извор најверојатно ракетата е со мал дострел од типот земја-воздух.
Ракетата паднала во вода во близина на источниот брег на Северна Кореја.
Тестирањето на ракетата се случи во време кога во Вашингтон се одржуваше Самит за нуклеарна безбедност.