Северна Кореја повика на мировен договор и запирање на воените вежби меѓу САД и Јужна Кореја

Од:

Северна Кореја денеска повика на склучување мировен договор со САД и запирање на американските воени вежби со Јужна Кореја како услов за заприрање на своите нуклеарни тестирања, пренесоа британските медиуми.

– Се уште се во важност сите наши предлози за зачувување на мирот и стабилноста на Полуостровот и во североисточна Азија, вклучувајќи ги и оние за запирање на нашите нукеларни тестирања и за склучување на мировен договор во замена за запирање на американските воени вежби, изјави  портпаролот Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг, цитиран од севернокорејската агенција КЦТА.

Од Корејската војна (1950-1953) двете Кореји технички се уште се во состојба на војна, бидејќи војната заврши со примирје, а не со мировен договор.

Северна Кореја на 6 јануари соошти дека тестирала хидрогенска бомба, со што врз себе ги навлече критиките од соседните земји и САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“