Северна Кореја отворила оган во близина на јужнокорејски воен брод во Жолтото Море

Од:

Северна Кореја отвори оган во реонот на Жолтото Море, за кој е во спор со Јужна Кореја, а гранатите паднаа во близина на јужнокорејски воен брод, јавија јужнокорејските медиуми.

Засега не се соопштени детали за инцидентот.

Инциднетот се случил во близина на островот Јонпонг, што во ноември 2010 година беше гранатиран од страна на севернокорејската армија, што предизвика криза во односите и стравувања за нова Корејска војна.

Двете корејски држави редовно имаат артилериски вежби во водите околу спорната водена граница во Жолтото Море.

Во последните недели Северна Кореја спроведе серија артилериски вежби и ракетни тестирања и ја заостри реториката против американските и јужнокорејските лидери, а некои од коментарите имаа расистички и сексистички призвук. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“