Северна Кореја: Новиот петгодишен развоен план ќе се претстави во јануари, на конгресот на Работничката партија

Од:

Севернокорејската владеачка Работничка партија, во јанари ќе одржи конгрес на кој се очекува лидерот Ким Џонг-ун да го објави новиот петгодишен план за развој на националната економија, погодена од санкциите на Вашингтон и пандемијата на коронавирусот.

Плановите за одржување на конгресот беа потврдени за време на вчерашниот пленарен состанок на Централниот комитет на партијата, на кој Ким призна дека има економски тешкотии предизвикани од „неочекуваните и неизбежни предизвици од различен аспект и ситуацијата во регионот околу Корејскиот Полуостров“, јавија американските медиуми.

Во извештајот, меѓутоа, експлицитно не се наведува дали се мисли на проблемот со дипломатските односи меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, кои се оптоварени со севернокорејската нуклеарна програма.

Севернокорејската Работничка партија својот последен конгрес во полн состав го оддржа во 2016 година, за првпат по 36 години, потсетуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт