Северна Кореја денеска соопшти дека нема намера да седне на преговарачката маса со САД и ја повика Јужна Кореја „да престане да се меша во туѓи работи“.
Генералниот директор за американски работи во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, Квон Јонг Гун во соопштение кое го објави државната агенција КЦНА, , ја критикуваше Јужна Кореја за ширење „ненавремени гласини“ за новиот самит на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп.