Северна Кореја на доживотен затвор осуди двајца јужнокорејски шпиони

Од:

Врховниот суд на Северна Кореја на доживотен затвор осуди двајца јужнокорејци, кои претходно беа обвинети за шпионажа, јави денеска јужнокорејската агенција Јонхап.

На Ким Кук Гиу и Чое Чун Гиу денеска во Пјонгјанг им беше изречена казната откако беа прогласени за виновни за шпионирање во корист на Јужна Кореја, иако јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС) негираше дека двајцата работеле за неа и инсистираше тие да бидат ослободени, објави севернокорејското државно радио.

Двајцата мажи беа уапсени во септември и декември минатата година во близина на кинескиот град Дандонг, на границата со Северна Кореја, а во март годинава беше соопштено дека се шпиони на НИС.

Во Северна Кореја изречените казни се конечни и на нив не може да се вложува жалба, пренесува јужнокорејската агенција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“