Северна Кореја: Ќе продолжиме со ракетните проби на неделно ниво

Од:

Пјонгјанг ќе продолжи да спроведува ракетни проби и покрај осудата на меѓународната заедница и зголемувањето на воената тензија со САД, најави заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Хан Сонг Рјол.

– Ќе извршуваме уште ракетни проби, на неделно, месечно и годишно ниво, изјави тој за Би-Би-Си.

Хан предупреди дека би избувнала сеопфатна војна доколку САД „бидат доволно невнимателни и употребат воени средства“.

Северна Кореја е подготвена да одговори на секој вид војна, која би била покрената од американска воена акција, изјави синоќа пратеникот на Пјонгјанг во Обединетите нации, по предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп да не ја ставаат на тест одлучноста на САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“