Северна Кореја: Ќе го казниме секој, кој ќе соработува со ОН

Од:

Северна Кореја се закани дека немилосрдно ќе го казни секој, кој ќе учествува во работата на канцеларијата на ОН за човекови права, а која ќе биде отворена во Јужна Кореја со цел да ги истражи прекршувањата кај северниот сосед.

По објавување на извештајот на истражната комисија, во кој на 372 страници се изнесуваат детали за прекршување на човековите права, меѓу кои и злоставување, изгладнување и убиства, ОН повикаа на отворање на теренска канцеларија, која би ја надгледувала состојбата на човековите права во Северна Кореја.

-Секој кој ќе го доведе во прашање дигнитетот и општествениот систем и се согласува за основање на таа канцеларија, немилосрдно ќе биде казнет- соопшти севернокорејскиот Комитет за мирно обединување на двете Кореи, кој се занимава со прашања поврзани со Јужна Кореја.

Јужнокорејската претседателка, Пар Геун Хје и останатите официјални лица од меѓународните организации за човекови права ќе ја платат цената, се наведува во соопштението кое што го пренесе државната агенција „КЦНА“.

Во текстот стои и дека планираната канцеларија е „гнасна политички мотивирана провокација“ и „антисевернокорејска измамничка организација“ на чие чело се Јужна Кореја и САД.

Северна Кореја „категорички и потполно“ ги отфрла обвиненијата од извештајот, со оценка дека тие се засновани на материјал, кој го измислиле непријателските сили со поддршка на САД, ЕУ и Јапонија, се наведува во соопштението.

Пјонгјанг е изложен на санкции од ОН и САД поради неколку нуклеарни и ракетни проби кои Северна Кореја ги изведе од 2006 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт