Северна Кореја истрела четири балистички ракети, три паднале во Јапонското Море

Од:

Северна Кореја истрела четири балистички ракети, од кои три паднаа во Јапонското Море, на 300 километри од северозападниот брег на Јапонија, соопштија денеска јапонски и јужнокорејски официјални лица.

Станува збор за интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ) што може да погодат цели во САД, а според тврдењата на официјалните лица, ракетите летале во просек по околу 1.000 километри и достигнале височина од 260 километри

Ракетите се лансирани од регионот Тонгчанг-ри, во близина на северната граница со Кина, тврдат јужнокорејски официјални претставници.

Американски воени извори тврдат дека нема индикации оти Северна Кореја користела ИЦБМ ракети, но и дека нема опасност за САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“