Северна Кореја испалила седум ракети

Од:

Северна Кореја испалила седум ракети земја-воздух, во море кај нејзиниот источен брег, а оваа операција ја надгледувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана рекол дека ракетите се испалени синоќа од локација во близина на градот Сондок на исток на Северна Кореја.

-Ние сметаме дека ова е уште една промоција на сила, која Северна Кореја ја врши поради воените вежби на САД и Јужна Кореја- заклучил тој.

Пред десетина дена Северна Кореја исто така испали две ракети со краток домет во Источно море и се закани дека ќе изведе немилосрдни удари против САД и Јужна Кореја.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“