Северна Кореја им се закани на САД со „супермоќен превентивен напад“

Од:

Севернокорејските државни медиуми ги предупредија денеска САД дека Северна Кореја би можела да изврши „супермоќен превентивен напад“, откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Вашингтон разгледува начини да извршат притисок врз Пјонгјанг поради неговата нуклеарна програма.

Американскиот претседател Доналд Трамп зазеде остар став кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој ги отфрли советите на својот единствен сојузник Кина и продолжи со нуклеарната и ракетната програма и покрај санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Во случај нашиот супермоќен превентивен напад да почне, целосно и веднаш ќе ги збрише не само империјалистичките освојувачки сили на САД во Јужна Кореја и околните подрачја, туку и копното на САД и ќе ги претвори во пепел, објави гласилото на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, „Родонг Синмун“.

Би можело да ве интересира

Американската војска започна депортација на мигранти, два авиони ги превезуваат првите групи во Гватемала

Предраг Петровиќ

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање