Северна Кореја им се закани на САД со превентивни нуклеарни напади

Од:

Северна Кореја ќе изврши превентивни нуклеарни напади врз САД при евентуални провокации, објави весникот „Нодон синмун“.

– Северна Кореја на американска територија ќе изврши беспоштедни превентивни нуклеарни напади ако се појават и најмали знаци дека САД имаат намера да преземат специјални операции со цел нарушување на суверенитетот на Народната Република, наведува „Нодон синмун“.

Текстот е објавен како одговор на големата заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја, што Пјонгјанг ја смета за провокација за раководството и суверенитетот на Северна Кореја.

Во воената вежба учествуваат повеќе од 300.000 јужнокорејски и 15.000 американски војници. Оперативниот план 5015 предвидува неутрализација на севернокорејското оружје за масовно уништување и специјални операции за продор на територијата на Северна Кореја при евентуални вонредни состојби.

Северна Кореја во средата официјално побара Советот за безбедност на Обединети нации да ја осудат заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес