Северна Кореја остро го осуди американскиот филм, во кој се зборува за атентат на претседателот Ким Џонг Ун и се закани со немилосрдна одмазда, доколку Вашингтон не забрани негово прикажување.
И портпаролот на севернокорејското Министерството за надворешни работи, чие што име не се истакнува вели дека тоа е најотворен чин на тероризам и војна и дека апсолутно тоа нема да го толерираат.
Како што пренесе „Ројтерс“ ова филмско остварување насловено како „Интервју“, во кое главните улоги ги толкуваат Сет Роген и Џејмс Франко, премиерно треба да биде прикажано во октомври во американските кино сали.
Филмот раскажува за водител и продуцент на шоу, кој организира интервју со севернокорејскиот претседател Ким, а кој што ЦИА подоцна ги ангажира за да го убие.
Според зборовите на неименуваниот портпарол, народот во Северна Кореја животот на својот лидер го смета за повреден од сопствениот.
-Доколку американската администрација дозволи прикажување на филмот ќе бидат преземени немилосрдни противмерки. Провокативната безумност на САД да мобилизираат еден гангстерски филмаџија, за да го оспори раководството на Северна Кореја предизвикува омраза и бес кај народот и војската, предупреди портпаролот.
Северна Кореја во моментов има тројца заробеници, државјании на САД, обвинети за разни злосторства, а технички се уште е во војна со клучниот азиски сојузник на Вашингтон, Јужна Кореја.
Е. Г.