Кинескиот брод и 16 –те риболовци кои пред две недели ги грабнаа вооружени севернокорејци, се ослободени денес, пренесоа кинески извори.
Сопственикот на бродот Ју Суеџун на својот микро блог напиша дека утрово околу 03:50 часот, му се јавил капетанот на бродот и му рекол дека се ослободени и дека се враќаат.
Суеџун го пријавил киднапирањето на кинеските власти, но со приближување на рокот за исплата на киднаперите започнал да му дава публицитет на инцидентот.
Тогаш кинеските државни медиуми започнале да известуваат за грабнувањето наведувајќи дека Кина бара од Северна Кореја да ги ослободи киднапираните.
Елена Георгиевска