Северна Ирска: Нема да прифатиме да не отцепат од Британија

Од:

Најголемата политичка партија во Северна Ирска, Демократската унионистичка партија (ДУП), денеска соопшти дека нема да дозволи тој британски регион да биде принуден да ги прифати правилата на ЕУ по Брегзит.

Официјални претставници на ЕУ и Ирска предложија дека еден од начините за излез од проблемот во преговорите за Брегзит е да се создаде „бекстоп“ само во Северна Ирска, со што би се усогласиле регулативите со членката на ЕУ, Ирска.

Но, Демократската унионистичка партија (ДУП) , чии десет членови на Парламентот ја поддржуваат конзервативната Влада на британскиот премиер Борис Џонсон, соопшти дека ќе ги прифати законите на ЕУ, само доколку Парламентот на Северна Ирска може да ги избере, што во минатото повеќе пати беше отфрлено од Ирска и ЕУ.

– Нема да прифатиме одвоени аранжмани кои ќе не отсечат од Велика Британија, изјави портпаролот на ДУП за Брегзит, Сами Вилсон, за Би-Би-Си Радио Улстер.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година