Канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја информираше дека американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со неговиот јужнокорејски колега Мун Џе-ин истакнал дека е отворен за разговор со Северна Кореја.
– Еден ден откако Северна и Јужна Кореја ги одржаа првите преговори во последните две години, Трамп денеска изјави дека нема да има воена акција се додека траат преговорите, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор на Трамп и Мун.
Претседатеот Мун денеска соопшти дека е подговотвен да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун под одредени услови. Тој потенцираше дека ќе се заложи за продолжување на разговорите со Северна Кореја.
Вчера двете држави се договорија да соработуваат за Зимските олимписки игри, кои следниот месец се одржуваат во Јужна Кореја, на кои ќе учствуваат и спортистите од Северна Кореја.