Серија воздушни напади врз Киев

Од:

Во текот на изминатата ноќ Русија изврши серија напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Киев и други украински градови, а украинските власти денеска потврдија дека руските напади предизвикале пожар во индустриски капацитет во областа Тернопил во западна Украина.

До 4:40 часот по средноевропско време, руските сили лансираа околу 136 офанзивни беспилотни летала и истрелаа три проектили, при што украинската противвоздушна одбрана уништи 51 беспилотно летало, соопшти украинското воздухопловство, пренесува Ројтерс.

Дваесет дронови се уште се во украинскиот воздушен простор, а точната локација на 60 дронови не е позната, иако се верува дека биле пресретнати од украинските системи за противвоздушна одбрана.

Поголемиот дел од територијата на Украина беше под тревога за воздушен напад утринава, а регионот на Киев беше под тревога од 17.30 часот во вторник.

Украинското воздухопловство соопшти дека руските сили лансирале беспилотни летала во неколку бранови и од различни правци.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција