Серија експлозии одекнаа вечерва во дипломатскиот кварт на авганистанскиот главен град Кабул, со што продолжи најновиот бран насилстава кои го потресуваат Авганистан.
– Неколку бунтовници, влегоа во една резиденција. Нашите сили се таму и во тек е вооружена пресметка, изјави претставник ан авганистанската армија.
Засега не е познато колку луѓе загинале во пресметка.
Одговорноста за екслозиите во дипломатскиот кварт на Кабул презедоа талибанците, наведувајќи дека го „погодиле важниот центар на непријателот“.
Предходно денеска, најмалку шест лица загинаа, меѓу кои еден Британец и пет Аваганистанци, во напад на бомбаш-самоубиец врз автомобил на британската амбасада во Кабул.