Напаѓачи, за кои постои сомнение дека се приврзеници на опозицијата, денеска во Дака, главниот град на Бангладеш, активирале бомби од домашно производство, во текот на генералниот штрајк што го организирале против власта.
Во експлозиите никој не е повреден, а предизвикана е само мала материјална штета.
Шефот на полицијата на Дака, Абул Башар, изјави дека денеска експлдирале најмалку три експлозивни направи во близина на железничката станива во градот. На снимките што ги објавија локалните ТВ станици, меѓутоа, се гледаат и последиците од експлизиите во другите делови на градот.
Опозициските партии повикаа на генерален штрајк и бараат ослободување од затвор на 150 активисти кои се уапсени во текот на претходните протести од овој месец.
Сојузот на опозициски партии што го предводи Џамат-е -Ислами, исто така, побара прекин на судењата на опозициските политичари обвинети за злосторства во текот на ослободителната војна против Пакистан, во 1971 година.
Оваа исламска партија последните месеци организираше серија штрајкови во земјата заради судењето на десетмина нејзини водачи, вклучувајќи ги и шефот и неговиот заменик, заради сторени воени злосторства.
Владата на Шеик Хасин судските процеси ги почна во 2010 година и на нив ги изведе оние кои се обвинети за воени злосторства против човештвото во текот на војната. Тоа се главно луѓе кои им помагале на пакистанските трупи и се бореле против прогласување на независноста на Бангладеш.
Џамат-е-Ислами, партнер во претходната влада, тврди дека обвинувањата се политички мотивирани, што власта го негира.