Сер Дејвид Атенборо се вакцинирал против коронавирусот на 94 години

Од:

Легендарниот британски природонаучник, ТВ-водител и борец за заштита на природата, Сер Дејвид Атенборо, ja примил првата доза од вакцината против коронавирусот, јавува Би-би-си.

Во соопштението издадено од претставник на Атенборо, не е наведено кога точно се вакцинирал, ниту со која вакцина, но британските медиуми пишуваат дека тоа се случило откако вакцината ја примила кралицата Елизабета Втора, која како и славниот водител, има 94 години.

Атенборо е само една од познатите личности во Велика Британија што досега се вакцинираа, меѓу кои се актерите Ијан Мекелен, Брајан Блесед и Мери Џоан Колинс.

Сер Дејвид, кој поголемиот дел од последната година се самоизолираше во неговиот дом во Лондон, во повеќе наврати има изразено поддршка за напорите на научниците да се пронајде вакцина што би ја запрела пандемијата.

Во моментов во Британија се одобрени за користење вакцините на тројца производители: Оксфорд-АстраЗенека, Фајзер-Бионтек и Модерна, но нарачаните дози од последната фирма не се очекува да пристигнат во земјата пред пролетта.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски