Главните каталонски сепаратистички партии постигнаа договор да го реизберат Карлес Пуџдемон за претседател на автономната област Каталонија, кој истовремено ја извршува и премиерската функција.
Пуџдемон, кој ја предводеше каталонската регионална влада, беше сменет од функцијата од страна на централната власт во Мадрид по референдумот за независност на Каталонија, кој беше прогласен за незаконски од шпанското правосудство.
Оттогаш Пуџдемон е во Брисел и доколку се врати дома, веднаш ќе биде уапсен за бунт и обид за одвојување на Каталонија од Шпанија.