Сепаратистичкиот лидер на Луганск ги повика жителите итно да се евакуираат во Русија

Од:

Лидерот на самопрогласената „Луганската народна република“, која се отцепи од Украина, Леонид Пасечник ги повика нејзините жители што поскоро да се евакуираат во Русија.

– Со цел да се спречат жртви меѓу цивилното население, ги повикувам жителите на републиката, кои немаат повик за мобилизација и не се ангажирани во општествени и граѓански инфраструктури, да заминат за Руската Федерација колку е можно побрзо, рече Пасечник.

Тој потврди дека Русија е подготвена да ги прифати жителите на Луганск на своја територија.

Пасечник ги повика „сите мажи способни да носат оружје, да излезат и да ја бранат својата земја“.

Претходно денеска, властите во самопрогласената „Луганската народна република“ соопштија дека украинските безбедносни сили ја гранатираат отцепената област со тешко оружје.

Претходно, лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин најави евакуација на жителите од отцепениот укреаински регион кои ќе бидат пренесени во југоисточниот дел на Русија, по засиленото гранатирање.

Тој истакна дека Русија се согласила да обезбеди сместување за луѓето кои заминуваат и дека приоритет треба да им се даде на жените, децата и повозрасните лица.

Пушилин нагласи дека таков чекор е преземен поради „наглото влошување“ на воената ситуација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели