Некои муслимански верски водачи сметаат дека супер-бурата Сенди била „божја казна“ за САД, поради исмевањето на пророкот Мухамед и „изопачениот американски народ“.
Еден радикален египетски свештеник го опишал ураганот како освета поради суровиот анти-исламски филм „Невиност на муслиманите“, снимен во САД, кој предизвика бран на протести во муслиманскиот свет.
„Некои луѓе се прашуваат за ураганот во Америка и неговите причини. По мое мислење тоа е освета од Бог, за нашиот сакан пророк“, напиша египетскиот свештеник Вагди Гоним на Твитер, алудирајќи на филмот „Невиност на муслиманите“, Некои го пофалија, некои го осудија неговото размислување.
„Боже, треси ја земјата под нивните нозе“, беше еден од коментарите кои предизвика одговор – Ние во Америка имаме браќа и пријатели. Не им посакувам ништо лошо.
Другиот одговор на Гоним на Твитер вели дека Сенди е ветер од Бог, пратен да ја уништи грешната земја и да удри врз седиштето на ОН во Њујорк – „Го молиме Бог, Сенди да ја уништи зградата на ОН, поради нивните неправди, корупција и тиранија“.
Угледниот свештеник Салман ал Ауда во Саудиска Арабија рече дека бурата која усмрти повеќе од 140 луѓе, е повик за будење на Американците да прејдат во ислам.
Поради саудиските реагоирања на ураганот, Големиот муфтија Абдел Азиз ал-Шеик, предупреди во едно интервју, дека радувањето поради страдање е во спротивност со исламот, додавајќи дека има и муслимани меѓу жртвите во САД.