Сенатори ќе ги проверуваат функционерите на ФБИ

Од:

Aгенти на ФБИ разговараа со дваесет и шестгодишниот Царнајев врз основа на информациите на руските функционери, дека можеби бил во врска со екстремисти, меѓутоа не го идентификува како потенцијална закана.

Американски законодавци оваа недела ќе ги испитуваат безбедносните функционери за тоа дали ФБИ погрешно ги протумачи информациите добиени во текот на испитувањата на осомничениот Тамерлан Царнајев за бомбашкоот напад на маратонот во Бостон.

ФБИ го испраша Царнајев за неговиот минатогодишен шестмесечен престој во руските покраини Дагестан и Чеченија.

Сенаторката Дајен Фајнстајн, која е на чело на сенатскиот одбор за разузнавање, вели дека нејзиниот одбор ќе се обиде да го разјасни тоа, во текот на претресот зад затворени врати.

Безбедносните функционери ќе одржат брифинг за членовите на Претставничкиот дом, додека Сенатот во полн состав ќе брифира во текот на неделава.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД