Како причина за смртта на Алексеј Навални е наведен синдромот на ненадејна смрт, односно кога релативно младо лице без сериозни здравствени проблеми умира од природна смрт.
Сепак, семејството на Навални, особено неговата мајка Људмила, не верува дека тоа е вистина. Тие и портпаролката тврдат дека не им било дозволено да го видат и идентификуваат телото со објаснување дека мора да остане кај властите додека трае истрагата.
На мајката и адвокатот на Навални им било кажано дека телото е во мртовечница во градот Салехард, но подоцна се испостави дека не е така.
Сето тоа предизвикува сомнеж кај мајката дека смртта не е ненадејна и природна, туку дека оној кој е виновен си ги прикрива трагите.