Едсон Арантес до Нашименто, познат како Пеле преживува тешки моменти, откако на неговиот син Едињо му ја потврдија затворската казна поради перење пари за нарко-мафијата во траење од 12 години и десет месеци.
Синот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 46-годишниот Едињо и се предаде на полицијата, откако Жалбениот судски совет пресуди дека мора да оди во затвор поради перење пари заработени од трговија со дрога.
Едсон Чолби до Нашименто, како што му е вистинското име, пред три години е осуден на 33 години затвор поради перење пари за нарко клановите. Сепак тој ги негираше обвиненијата, иако призна дека е зависник од дрога. Неговите адвокати поднесоа жалба, која делумно е прифатена, а казната му е намалена на 12 години и десет месеци.
Осудени се четири мажи, меѓу кои и локалниот крал на дрогата Роналдо Дуарте Барсоти, кој добил казна затвор од 33 години.