Градските власти на Виена во рамките на акцијата за поголема толеранција кон хомосексуалната популација, донесоа одлука за „промени“ ознаките на некои семафори.
Цртежите на човечиња што стојатат кога е црвено или се движат при зелено на семафорите на 49 локации во градот во следните неколку недели ќе бидат заменети со „слики“ на една хетеросексуална и на две хомосексуални двојки, со по две жени или двајца мажи.
Месеците мај и јуни во Виена се во знак на борбата за толеранција и новите семафори се поставуваат по повод одржувањето на „Лајф бол“.
Првите слики на семафорите беа сменети пред салата „Штатхале“ во која ќе се оджри Изборот за песна на Евровизија, како и во близина на виенскиот Универзитет. На нив се наоѓаат две жени кои се држат за рака.
Виенските власти за оваа акција издвоиле 63.000 евра, а целта покрај борбата за толеранција е и зголемување на вниманието во сообраќајот.
Имено, сликичките на семафорите, како што објаснуваат од виенската Влада, се менуваат на оние места каде често не се почитува сообраќајната сигнализација.