Секојдневно во Европа се убиваат 18 жени

Од:

УНОДЦ проценува дека 610 жени во светот, во некој стадиум од својот живот се жртви на физичко и сексуално насилство.

Во Европа секој ден се убиени околу 18 жени, стои во соопштението на Управата на Обединетите нации за борба против наркотици и криминал (УНОДЦ).

Во соопштението по повод Денот на жената УНОДЦ укажува дека во 12 случаи убиството го извршува брачниот или животен партнер или некој од семејството.

Според проценките во 2010 година ширум светот убиени се 84 илјади жени и девојчиња.

Генералниот директор на УНОДЦ, Јури Федотов повика на дејствување во сите држави во светот, истакнувајќи дека меѓународната заедница мора да развие напредни мерки за превенција против домашното и семејно насилство.

-Мораме истовремено во сите држави и региони да работиме на промена на совеста и рамноправноста на половите пред законот, како и на развојот на статусот на жената во друштвото. Жените и девојчињата мора да бидат почитувани, во секој сегмент на општествениот живот – изјави Федотов.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната