Секоја трета германска компанја сакаат да вработува бегалци

Од:

Најмалку 30 отсто од кадровските директори на германските компании планираат да вработат бегалци во текот на оваа и идната година.

Според истражувањето спроведено од страна на Меѓународниот еконоски институт (ИФО) од Минхен, околу една третина од компаниите ќе бараат работници меѓу бегалците во наредните две години.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, интернет изданието на весникот „Шпигел“ пренесува дека бројот на работодавци кои сакаат да вработат баратели на азил во последниве две години се зголемил за седум проценти.

Црната кампања против имигрантите што се води од дел од политичките фактори и јавноста не го спречува растечкиот тренд бегалците да бидат посакувани работници во германските компании.

Една од причините за нивно ангажирање е и пониската цена која што можат да ја постигнат на пазарот на трудот пред се поради непознавање на германскиот јазик.

Германија има најмала стапка на невработеност во целата ЕУ со само околу 4,5 отсто граѓани кои активно бараат работа со полно работно време.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски