Секој час во Сиера Леоне од ебола се инфицираат пет луѓе

Од:

Најголемата меѓународна невладина организација во Велика Британија „Да ги спасиме децата“ предупреди денеска дека во Сиера Леоне секој час пет луѓе се заразуваат од вирусот на Ебола.

Според нив, минатата недела во Западна Африка пријавени се нови 765 нови случаи на Ебола додека во таа држава постојат на располагање само 327 болнички кревети.

Од Ебола досега животот го изгбија 3.338 луѓе, а 7.178 се инфицирани. Најмногу се погодени Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја.

Шефот на таа главна организација Џастин Форсајт наведува дека бројот на заразени во Сиера Леоне може набрзо двојно да се зголеми на секој час да има десет нови заразени луѓе до крајот на месецот доколку не се преземат итни мерки.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

ВИДЕО: Најмалку 84 мртви во експлозија на цистерна со гориво во Сиера Леоне