Секои две недели еден Британец заминува на „самоубиствен туризам“ во Цирих

Од:

На секои две недели, по еден Британец замува во Цирих за да се самоубие, под контрола на лекари, во специјализираната установа „Дигнитас“ во овој швајцарски град.

Според официјалните податоци на „Дигнитас“ за „самоубиствениот туризам“ како што во Велика Британија се нарекуваат патувањата без враќање до Цирих, само во 12 месеци од 2012 година, заминале за Швајцарија и се самоубиле 29 британски државјани.

Далеку најбројни биле Германците, вкупно 77 лица. Во групата на пет земји од каде оваа устанува има најмногу „пациенти“ се уште и Италија, Франција и САД.

На ваквиот чекор се одлучуваат луѓе, болни од тешки и неизлечиви болести кои несакајќи да чекаат болеста до крај да ги совлада, се одлучуваат на самоубиство, под контрола на лекар, во оваа установа, која стана позната во Европа како „болница на смртта“.

Болните секогаш одат во придружба на некои нивни близок роднина, а пред доброволното одземање на животот, персоналот на „Дигнитис“ бара согласност на заболениот и детална лекарска анализа дека навистина станува збор за неизлечиво болен пациент.

Во изминатите четири години, 126 Британци се одлучиле да ги „прекинат своите маки и маките на нивните блиски“ земајчи во Цирих, под контрола на лекар поголема доза на барбитурити, што претставува зголемување од безмалку 40 отсто.

Најголемиот дел од болните биле заболени од разни невралгилни болести, што ги прават целосно неподвижни и неспособни самите да ги контролираат своето движење. Потоа следуваат заболените од рак и од кардиоваскуларните болести. Повеќето од Британците кои заминуваат на вакво патување во Швајцарија за да умрат, се жени.

Просечната возарст на овие луѓе изнесува 69 години, иако возрста на „пациентите“ во „Дигнитис“ се движи од 23 до 97 години.

Британската јавност е длабоко поделена кон овој вид на евтаназија. Активистите од организацијата „Достоинство во смртта“ која ги поддржува патувањата во Цирих, ги користи најновите податоци за да побара прилагодување на британското законодавство кон новата ситуација.

-Проблемот веќе не е во самата евтаназија, туку во тоа што толку многу луѓе заминуваат надвор од земјата, за да го направат тоа, изјави претставник на оваа организација.

Активистите на кампањата против евтаназијата, пак, тврдат деке „не е етички да се натера неизлечиво болен човек, да патува во странство за да умре“.

Во Швајцарија и посебно во кантонот Цирих, евтаназијата и помагањето при самоубиство, се легализирани, доколку од тоа нема лична полза.

Во Велика Британија, тие се забранети, а помагањето при самоубство е кривично дело, за кое максималната казна е 14 години затвор. Иако сите самоубијци кои заминааа за Цирих беа придружувани, што значи дека во сите случаи има барем еден кој би можел да биде обвинет за помагање во самоубиство, британските правосудни власти никого досега не обвинија дека е сторено кривично дело.

Британскиот лорд Фалконер покрена иницијатива во Горниот дом на Парламентот, за мало изменување на законот, на тој начин што евтанизијата и помагањето при самоубиство би се дозволувале (во Велика Британија) за случаи на пациенти на кои им остануваат уште шест месеци живот.

Премиерот Дејвид Камерон, меѓутоа, неколку пати досега има изјавено дека „не е убеден во аргументите“ на активистите за подршка на евтаназијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on