Најмалку седум лица загинаа синоќа при пад на спортски авион што превезувал група падобранци, во градот Јамијарви во западниот дел на Финска.
Финската полиција информира дека во време на несреќата во леталото имаго 11 лица, од кои тројца успеале да скокнат со падобрани пред уривањето на авионот. Судбината на уште еден патник во леталото засега не е позната.
Весникот „Хелсингин Санимат“ тврди дека авионот имал проблеми со моторот, што е и најверојатна причина за неговото уривање.