Седумина мртви авионска несреќа во Канада

Од:

Седум лица, меѓу кои и поранешниот канадски министер за транспорт Жан Лапиер, загинаа во авионска несреќа што се случи на еден остров покрај источниот брег на провинцијата Квебек, во Канада.

Мал двомоторен приватен авион се урна при приближувањето кон аеродромот на Ил де ла Мадлен, во мошне тешки временски услови, соопштија канадските воздухопловни власти.

Во моментите додека авионот се подготвувал да слета, во реонот на островот и околу аеродромот, дувал силен ветар и врнел снег.

Покрај поранешниот министер, кој по повлекувањето од канадската политика се префрли во новинарството, работејќи како телевизисии политички аналитичар, загинале и членови на неговото семејство.

Авионот полетал кон островот од Монтреал.

Канадската комисија за безбедност во авионскиот сообраќај отвори истрага за оваа несреќа.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто