Седумгодишно дете во Јапонија оставено во шума од родителите по казна

Од:

 Едно седумгодишно дете во Јапонија било оставено од своите родители, по казна за неговото лошо однесување, јавуваат јапонските медиуми.

Од тогаш детето не е видено во изминатите два дена.

Случајот е регистриран во оддалечниот реон на островот Хокаидо, на северот од Јапонија, во шумска област позната како локација во која живеат мечки.

Неговите родители, лично ја известиле локаната полиција, тврдејќи дека нивниот син „се загубил“ додека тие береле шумски плодови, но вчера тие признале дека го оставиле своето дете „на неколку минути“ за да го дисциплинираат.

Кога се вратиле на истото место, детето исчезнало без трага, а тие самите не успеале да го пронајдат.

„Сакав само да го натерам да биде послушен, па му реков да излезе од автомобилот, за малку, за да се исплаши. Детето е мошне живо, но сега сум загрижен за него, -изјави таткото на детето за локалните всници.

Родителите се налутиле затоа што нивниот син фрлал камења по посетителите на блискиот парк, од возилото, иако бил повеќепати предупреден да не го прави тоа.

Полицијата покрена широка потрага по седумгодишното дете, во која учествуваат 130 лица. Покрај полицајци и чувари на шумата, во потрагата се вклучиле и вработени од училиштето каде учи детето.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила