Седум месеци по изборите Холандија ќе добие нова влада

Од:

Четири десничарски и либерал-демократски партии постигнаа договор за формирање на новата Влада на Холандија, која би требало и понатаму да биде предводена од премиерот Марк Руте.

Руте најави дека утре ќе ја претстави програмата на владата, во која влегуваат неговата либерал-демократска ВВД партија, центристичката партија Д66 и демо-христијанските партии ДЦА и ЦУ.

Изборите се одржаа на 15 март и на нив партијата на Руте победи со 21 процент од гласовите, но имаше проблеми при формирањето на Владата имајќи ја предвид одлуката да одбие коалиција со националистичката партија ПВВ на Герт Вилдерс, која беше втора на изборите со 13 проценти од гласовите. Поради тоа, се очекува идната коалиција да има мнозинство од само еден пратеник во Парламентот.

Досегашниот најзначаен коалициски партнер на Руте, социјал-демократската ПвдА партија, нема да биде во идната коалиција откако не успеа да освои ни шест проценти на изборите.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина