Седум лица загинаа во напад врз владини канцеларии во Авганистан

Од:

Бунтовници нападнаа владини канеларии, вклучувајќи провинциски суд и приватна банка во Западен Авганистан, при што убија најмалку седум лица, а 50 се ранети, јави ДПА.

Напаѓачите ја нападнале и канцеларијата на локалниот министер за правда во градот Фарах, изјави претставник на авганистанските власти.

Според него тројца цивили, двајца полицајци и двајца војници се убиени, а најмалку 37 цивили и 13 војници и полицајци се ранети.

Тој вели дека полицијата и армијата извршуваат операција, додавајќи дека еден од напаѓачите се скрил во зграда и се бори против војниците. Силите за безбедност застрелале шест вооружени лица.

Портпаролот на талибанците ја презеде одговорноста за нападот.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан